HTML (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 5 | Nivo: PMF

Овде ќе објасниме некои основни работи за интернет страниците пишувани во HTML. Исто така за да работи веб страницата, потребно е
да биде качена на некој веб сервер. Веб сервер или веб хост е компјутер којшто е постојано поврзан на интернет и секој може да го види вашиот сајт. Постојат многу веб сервери, како платени така и бесплатни. Подоцна ќе видиме како се прикачува веб страната на интернет на бесплатен сервер (исто е и со платените, но таму имате повеќе возможности).
Следниот текст е на многу почетничко ниво. Бидејќи никој не се родил учен , сакам да им овозможам и на оние коишто не се разбираат многу од компјутери да можат да започнат. Ако имате основни познавања од HTML нема потреба да го читате овој текст.
Еве што ви е потребно за да направите ваш сајт:
1. Создавате еден фајл којшто е напишан на HTML јазик. HTML јазикот не е воопшто тежок.
2. Го закачувате фајлот на сервер.
Сега ќе си имате веб сајт со една страница. Потоа создавате други страници и го поврзувате со линкови.
Линковите служат за врска помеѓу страниците.
Што е тоа HTML?
Тоа е компјутерски јазик кој што е разбирлив за веб пребарувачите (и за сите коишто разбираат HTML:)). Доволно е тој што ќе го разгледува вашиот сајт да има интернет пребарувач (Firefox, Internet Explorer, Opera или некој друг).
HTML(Hypertext Markup Language) ги содржи сите механизми за поврзување (линкување) на документите.
Кодот на веб страницата може да се напише на прост текстов уредувач. Може да се користи Notepad или некој друг. Исто така постои и професионален софтвер со којшто многу се олеснува правењето на веб страниците. Macromedia Dreamwaver е еден таков софтвер. Тој е дел од пакетот Macromedia Studio.
Што е тоа ТАГ?
Таг всуштност представува HTML код којшто е затворен во загради < >. Со таговите можете да го направите текстот задебелен, да го обоите, да му додадете ефекти и уште многу работи. Со таговите се создаваат линковите, таблиците, се поставуваат слики, анимации и можете да ги поставите каде што сакате на веб страницата.
Има почетни и крајни тагови. Еве еден пример за отворен и затворен таг. ова ќе биде здебелен текст. текстот помеѓу отворениот и затворениот таг ќе ги има својствата кои што му се даваат со тагот. Текстот кој што се наоѓа после затворениот таг ги нема тие својства. Препорачливо е сите тагови да бидат правилно затворени.
Мислам дека е време да ја создадеме првата веб страница. Еве што треба да правите (чекор по чекор).
... 

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!